Со заминување на Бухова, не завршува одговорноста, кривична одговорност за сите во институциите мора да има. Поликлиниката Промедика во центарот на Скопје работела без лиценца и оперирала луѓе. Ова го дозволиле од ДСЗИ и од министерството за здравство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Најодговорен е министерот за здравство, кој морал да знае што се случува во неговиот ресор. Тоа во тоа време бил Венко Филипче.
ЈО да не чека, истрага мора да има како за Бухова, така и за Филипче и за сите одговорни кои дозволиле поликлиника да работи без лиценца. Здравјето на граѓаните нема цена, и никој не смее да тера бизнис со здравјето на народот.
Оставки и одговорност веднаш“ – се наведува во партиското соопштение.
извор: ВМРО ДПМНЕ