Хаинан е првата кинеска провинција која ја забрани продажбата на автомобили со фосилни горива

0
345

Островот Хаинан во Јужното Кинеско Море ќе стане првиот кинески регион што ќе ја забрани продажбата на автомобили на бензин и дизел за да се намалат емисиите на јаглерод кои влијаат на климатските промени, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Продажбата на автомобили со фосилни горива ќе биде забранета до 2030 година, а електричните возила ќе се промовираат со даночни олеснувања и проширување на мрежата за полнење“, соопшти провинциската Влада на Хаинан за време на презентацијата на „Планот за имплементација на јаглеродниот врв“.

Кина во последните неколку децении поминува низ најтопло и најсушно лето, што резултира со намалување на резервоарите што се користат за производство на хидроенергија.

Според планот, во Хаинан до 2030 година 45 отсто од пазарот ќе се состои од електрични автомобили. Се вели дека градовите ќе развијат „зони со нулта емисија“ во кои ќе бидат забранети возилата со фосилни горива.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).