Излетал моторциклистсо швајцарски ознаки кај Галичник

0
300

Синоќа во СВР Тетово било пријавено дека на пат што ги поврзува гостиварските села Селце и Галичник, мотоцикл со швајцарски национални ознаки што го управувал 22-годишниот К.Т.А. од Швајцарија, излетал од коловоз.

Во несреќата, сопатничката Т.Ф.(23) се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом Ростуше каде била пренесена за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

 

makfax.mk