(ВИДЕО) Македонски песни во Палма де Мајорка од Викторија Чочороска

Музичката соло уметница Викторија Чочороска – Будиноска деновиве се одмара со своето семејство на познатиот остров Палма Де Мајорка во Шпанија.

Хотелот каде таа престојува, една од вечерите ја посвети на Македонија и македонската музика каде Викторија одржа целовечерен концерт.

Викторија е од Вевчани, заврши музичка академија-соло пеење во Скопје. Покрај многуте музички активности во нашата земја, завележлива е соработката со познатиот композитор Николче Мицевски и групата Next Time, a како плод на нивната соработка е песната: ,,Ој Јаворе” и ,,Нешто ќе те питам бабо”.

Ова лето Викторија и сопругот ја прославија нивната свадбена свеченост и крштевка за синот и се преселија да живеат во Виена Австрија, а на музичко поле нејзините ангажмани во моментов се во хорот: ,,Koor van het House of Music” во Виена.

ВИДЕО