Мицкоски: За само 35 часа ЕСМ се оштетени за околу 16.000.000 денари, парите завршиле во приватни џебови

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ во објава на социјалните мрежи го објаснува грабежот кој се врши на сметка на Македонија, граѓаните на државата и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ.
Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ денешно ЕСМ, пишува во продолжение претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 13 до 19 август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1750 MWh.
Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 277,71/MWh!
За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 426,43 €/MWh или по денови:
20/Август 380 €/MWh
21/Август 357 €/MWh
22/Август 365 €/MWh
23/Август 430 €/MWh
24/Август 488 €/MWh
25/Август 498 €/MWh
26/Август 467 €/MWh
Разликата во цена е:
1750 MWh x (426,43-277,71)€ = 260.260€
Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 35 часа се оштетени за околу 16.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови.

извор: ФБ Христијан Мицкоски