Земјотрес во БиХ

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 7 часот и 21 минути ја погоди БиХ.

Тој бил почувствуван во Херцеговина, а епицентарот бил во близина на Столац. Се почувствувал и на југот на Хрватска.

Жителите од Дубровник на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека двапати се тресело и дека земјотресот не бил толку силен, но дека ги исплашил.

ЕМСЦ ја потврди оваа информација.