Со 6 милиони евра загуба на струја, главно украдена енергија, што претставува 80 проценти од испорачаната струја, Арачиново е на првото место на неславната листа во Македонија, велат за МКД.мк од ЕВН Македонија. Сите трафостаници покажуваат кражба од над 50 проценти, а една од трафостаниците бележи 96,1 процент загуба на енергија. Во моментов се работи на санирање на дефектите, на „снимање“ на состојбите со трафостаниците и со мрежата, на нелегалните кабли и приклучоци, по што, велат од компанијата, секако ќе следат и кривични пријави за кражба на струја.
Најнапред мора да се увидат точните места, да се увидат дефектите, уништените средства и потоа да се пристапи кон прецизирање на планот за реконструкција на мрежата која веројатно ќе треба да се реализира речиси во целост, што пак ќе трае долго, со месеци, велат од ЕВН, но посочуваат дека на нивните вработени „не им давале“ во Арачиново да го остварат досегашниот план во интерес на граѓаните, на целата држава и на ЕВН, велат од компанијата.
На прашањето кој тоа „не давал“, од ЕВН велат дека тоа се жители од ова населено место, кое според загубата (кражба) на струја, е на првото место во Македонија. Тоа е голема сума, се нагласува, која достигна 6 милиони евра, а која ја плаќа целата држава.
Текстот во целост на:МКД.мк
фото: МКД.мк