Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ после вчерашното невреме интервенирале на над 34 локации и констатирале дека вкупно 119 дрвја паднале или биле оштетени поради силниот ветер и електричните празнења.
-Интервенирано на над 34 локации, нашите екипи продолжуваат со расчистување на последиците од вчерашното невреме
По вчерашното невреме екипите на ЈП Паркови и зеленило интервенираа со ангажирање на 100 работници и механизација од 7 камиони и 2 платформи.
Екипите работеа до 02 часот наутро при што беа расчистени 34 локации со паднати дрвја и 17 паднати големи гранки.
Во текот на вчерашниот ден од 17 до 24 часот добивме 77 пријави за различни локации и паднати 119 дрвја во градот без оние во Градскиот парк.
Од утрово на терен се присутни работниците од Секторите:Дрвореди, Градско зеленило, Вонградско зеленило и Механизација кои работат на повеќе локации се до целосно расчистување и нормализирање на градот. Моментално се работи во Чаир, Топанско поле, Карпош, Партизанска, Аеродром , кај Собрание на Град Скопје и продолжуваме понатаму каде има потреба од наша интервенција.
Пријави за паднати дрвја добиваме и во текот на денешниот ден така што нашите екипи се организираат и работат по приоритет се до расчитување на сите локации.