КАРИЛ не прима нови пациенти – вчерашното невреме ја поплави клиниката

0
317

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, КАРИЛ од денеска не се примаат нови пациенти. Невремето ги поплавило магациснките простории во Клиниката, па од безбедносни причини пациентите од Скопје кои ќе обараат помош од оваа здравствена устнова ќе бидат препраќани во ГОБ 8–ми Септември, и Клиничката болница Наум Охридски.

Министерството за здравство испратило допис до директорите на општите болници, дека се до санација на проблемот пациентите од источна Македонија ќе се испраќаат во Клиничката болница во Штип, од централна Македонија во Клиничката болница во Битола, а пациентите од Западна Македонија во клиничката болница во Тетово.

фото: канал 5