(ВИДЕО) Еколошка катастрофа во реката Одра

Полската влада најавува построги правила за казнување на оние кои ја загадуваат животната средина, пишува Дојче веле.

Сончево августовско утро во Олава, Долна Шлезија. Реката Одра тече мирно. На прв поглед ,совршена идила. Но, веќе на работ на градот, каде што повеќе нема сообраќајна бучава, владее необична тишина. „Смртоносна“ тишина, вели Ризард Гаврон.

„Не се слушаат птици. Дури ни патки, кои обично бараат храна овде. Ништо. Само ѓубре има “, се жали Гаврон. А во исто време, неговите очи се насочени кон цевката од која кафеава заматена вода се влева токму во реката.На овој начин индустриските погони во Одра треба да испуштаат само дождовница или прочистена отпадна вода, а не и нечиста вода, вели тој, додавајќи дека само мал број компании се придржуваат до оваа регулатива.

Ризард Гаврон е сметководител, но и активист и спортски риболовец. Со години се залага за чиста Одра. Живее во Олава, град со околу 30.000 жители, 30 километри јужно од Вроцлав. И сега стои на местото каде што првпат ја открил мртвата риба на 26 јули. Тој беше еден од првите што ги алармираше полските власти. „Овде, во делот од само стотина метри, имаше стотици мртви риби. А веќе следниот ден, илјадници од нив извадивме од водата“, изјави тој за ДВ.

 

Дојче Веле