Седум бебиња се родиле хив-негативни на Клиниката за гинекологија во Скопје од родители кои биле позитивни, благодарение на терапијата, но тие средства сега државата ги скрати

Седум бебиња се родиле хив-негативни на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје од родители кои биле позитивни на вирусот кој води кон смртоносната сида, во периодот од 2019 година досега.

Тоа било резултат на навремено откривање на вирусот кај еден или двајцата родители, навременото земање терапија за да го држат вирусот под контрола да не им го нападне имунолошкиот систем. Благодарение само на тоа, тие на свет донеле здрави деца, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Но, успешноста на терапијата како превенција за ширење на хив-пандемијата, од 1 јануари годинава, е загрозена. Кратењето на трошоци во државниот буџет удри токму кај средствата за борба против хив и сида.

„Кога се зема редовно, терапијата за хив (т.н. антиретровирусна терапија) оневозможува да се пренесе вирусот по сексуален пат, па терапијата, покрај тоа што на луѓето со хив им овозможува квалитетен и долг живот како на останатите луѓе, истовремено станува и превенција на хив. Се работи за 5 хив-позитивни мајки кај нас кои благодарение на редовното земање на терапијата за хив, како и со примената на други препорачани мерки (породување со царски рез и да не го дои новороденчето), родија бебиња кои се негативни на хив. Кај останатите 2 случаи пак, се работи за хив-негативни бебиња чии татковци се позитивни на вирусот, и кои токму благодарение на терапијата за хив добиле хив-негативни бебиња, кои ги зачнале по природен пат без дополнителна медицинска интервенција“, вели Весна Илиевска, координаторка на програмата за хив во Хера.

Што се случува потоа со овие родилки, односно хив-позитивни мајки, или со позитивните татковци  за СДК, објаснува директорката на Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.