Жена (67) скокнала во бунар длабок осум метри на островот Крф за да ја спаси својата четиригодишна внука која паднала во него.
Како што објави “Екатеимерини”, и бабата и внуката се добро и не се повредени.
Бабата забележала дека нејзината внука паднала во бунарот и веднаш скокнала и се втурнала во два метри длабоката вода на дното за да ја спаси.
Брзата помош со помош на специјални алатки ги извлекла бабата и внуката и за секој случај ги префрлила во болница.
infomax.mk