Денеска во Белград ќе се одржи Самитот „Отворен Балкан”, каде што поздравни обраќања ќе имаат премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.
Во продолжение се видео линкови за официјалните обраќања:
Линк до видео од обраќањето на премиерот Ковачевски на македонски јазик
Линк до видео од обраќањето на премиерот Ковачевски на албански јазик
На Самитот дел од ресорните министерства на трите држави ќе потпишат договори меморандуми за соработка и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави; Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура; и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.
Исто така во рамки на Самитот премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама ќе одржат прес-конференција за медиуми.
Во продолжение се видео линкови за прес-конференцијата:
Прес-конференција на лидерите на македонски јазик
Прес-конференција на лидерите на албански јазик
По завршувањето на Самитот, ќе се одржи македонска вечер како дел од промотивните активности на македонските производи, вината, храната и националните богатства интересни за туристите, чиј што домаќин е премиерот Ковачевски, а ќе присуствуваат претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Северна Македонија присутни на Саемот во Белград.
извор: Влада
фото: Влада