Тропската бура во Мајами која го носи името „Даниел“ денеска се засили во ураган, што е невообичаено во овој период од годината кој не спаѓа во сезона на бури. Засега ова невреме не е закана за ниту една друга земја. Според Националниот центар за урагани на САД, максималните ветрови на бурата достигнале и брзина од 120 км на час.
Центарот на бурата е на околу 1. 425 километри западно од Азорските Острови и се движи кон запад со околу 2 км на час. Центарот за урагани соопшти дека невремето се очекува да потрае во Атлантикот во текот на следните неколку дена.
Тропската бура доаѓа во време на мирна сезона на урагани. Тоа е првпат од 1941 година Атлантикот да помине од 3 јули до крајот на август без именувана бура, изјави претходно за новинската агенција Асошиетед прес истражувачот на урагани од Државниот универзитет во Колорадо, Фил Клоцбах.
Радио Слободна Европа