Активисти на опозициската Социјалдемократска партија на Косово изведоа герила акција против министерот за финансии, Хекуран Мурати, кого го обвинуваат дека им објавил војна на работниците. На видеото се гледа како двајца активисти го посипуваат Мурати со брашно на паркинг во центарот на косовската престолнина. Министерот без воопшто да прозбори продолжува кон своето возило, тресејќи го брашното од облеката. Просветните работници, но и други вработени во јавниот сектор, од пред неколку дена се во штрајк, со барање за зголемување на платите, поради што во речиси сите училишта во Косово учебната 2022-23 година не започна на 1 септмври.
Мурати одбива да им ги исплати платите за минатиот месец на оние што штрајкуваат, односно се заканува дека тие ќе им бидат намалени за времето поминато во штрајк, поради што образовниот синдикат пред два дена, во четвртокот, поднесе кривична пријава против него.
novamakedonija.mk