Ужас во Белград: Маж со нож влегол во зграда и почнал да напаѓа случајни лица

Маж влегол во зграда на улицата „Адмирал Гепрат“ во центарот на Белград, извадил нож и со него почнал да боде луѓе, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата брзо реагирала и го совладала напаѓачот. Мотивите за нападот засега се непознати.

Нападот се случил спроти црквата Вознесение, набрзо пристигнала брза помош, а повредените биле згрижени.

Истрагата е во тек.

фото: Архива