Медиумите јавуваат дека авионот кој требало да слета во Келн, Германија се срушил во Балтичко море

Авионот кој летал од Шпанија за Германија, се урна во близина на брегот на Латвија – јавуваат тамошните медиуми. Имено се уште не е познато колку луѓе имало во леталото.

Според првите информации, се работи за приватен авион Цесна 551 од Австрија, кој полетал од Шпанија и требало да лета за Келн. Но, од непознати причини не слетал и продолжил да лета во правец на север.

– „Германски и дански спасувачи веднаш тргнале да воспостават контакт, но без успех“, соопштија шведските власти.

Авионот се урнал во Балтичкото Море.

фото: TWITTER