Седница на Советот за безбедност за енергетската криза

Во кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски денеска ќе се одржи 17 седница на Советот за безбедност, на чиј дневен ред ќе се најде енергетската криза во земјава, како и мерки за нејзино надминување. Покрај членовите на Советот за безбедност, на седницата ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.

 

Радио Слободна Европа