Џиновски прстен околу Бурџ Калифа во Дубаи, ќе го промени начинот на животот

Najmus Chowdry и Nils Remess од архитектонската фирма Znera Space осмислиле концепт кој во голема мера би го променил Дубаи. Станува збор за проектот Downtown Circle кој вклучува прстен висок 555 метри кој би ја опколил највисоката зграда во светот Бурџ Калифа.

Downtown Circle е замислен како супер-ефикасен и самоодржлив урбан центар кој би се протегал на пет ката и кој би го променил начинот на кој луѓето живеат и функционираат во облакодери.

Џиновскиот прстен со пречник од 3 километри би вклучувал станбени единици, деловни простории, угостителски објекти, но и културни места. Прстенот би содржел и зелен појас наречен Skypark кој би ги поврзувал катовите.

Skypark ќе им овозможи на посетителите да посетат различни екосистеми на едно место – песочни дини, мочуришта, водопади и тропска вегетација. Тоа би претставувало еден вид „бели дробови“ во центарот на Дубаи.

Во соработка со полската компанија Pictown, архитектите од Znera Space осмислиле и начин за поврзување на овој монументален простор во центарот на Дубаи. Од надворешната страна на прстенот патниците би се превезувале со трамвај кој би се движел со брзина од 100 километри на час, а патниците би уживале во спектакуларниот поглед на градот од 365 степени.

Откако прочитавте за најновиот архитектонски проект во Дубаи, можеби ќе сакате да прочитате и за стариот дел од Дубаи кој потсеќа на не толку далечното минато.

punkufer.dnevnik.hr