Пецаков: Охридски пливачки маратон, фестивал на виното и финале супер куп ракомет, викендов ќе се одржат во Охрид

Богат викенд исполнет со настани ни претстои во градот. На 8ми, 9ти и 10ти септември ќе се одржи Фестивалот на виното кој за првпат се организира во Охрид.
👉
Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи во сабота на 10ти за кој Локалната самоуправа вложи напор заедно со Пливачката федерација и охридските пливачки клубови за да имаме маратон.
👉
Во сабота имаме уште една содржина, а тоа е ракометниот натпревар помеѓу екипите на Охрид и Прилеп, а во недела како надополнување на продолжениот викенд е организацијата на финалето во Супер купот во ракомет помеѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.
➡
Многу содржини ни претстојат во овие денови за кои се надеваме дека ќе привлечат многу гости, а ова ќе биде пример за наредното лето како би се организираме за токму кога привршува туристичката сезона да привлечеме повеќе гости во нашиот град, напиша во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.