На полски гробишта од 17 век, пронајдени се останки на „вампир“ со срп над нејзиниот врат за да ја спречат да стане од гробот.
Професорот Дариуш Полински од Универзитетот „Никола Коперник“ го предводеше археолошкото ископување на локацијата каде што беа пронајдени останки на жена за која се верува дека е вампир, пишува Business Insider.
„Српот беше поставен така што ако покојната се обиде да стане, да и ја отсече главата“, вели Полински.
Во 11 век, историските записи покажуваат дека жителите на Источна Европа почнале да се плашат од вампири и почнале да вршат ритуали против нив, верувајќи дека некои луѓе кои умреле може да се вратат од мртвите како чудовишта што пијат крв, според списанието Smithsonian a.
Практиката на ова погребување стана доста честа појава во делови на Полска во 17 век, каде што беа пријавени вампири.
Други начини на борба против реанимацијата на мртвите биле сечење на главата или нозете, вртење на покојникот со лицето надолу, палење или дробење на телото со камен, посочува Полински.