Починато лице пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев“

Починато лице рано утринава е пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев”, дознава „Курир“.

Во моментов не се познати околностите под кое е настаната смртта.

Како што дознава „4њуз.мк“ се работи за машко лице на возраст од 30 години и е од југозападна Македонија. Полициски екипи се на терен и работат на случајот.

Од МВР за „Курир“ потврдуваат дека имаат пријава утринава за починато лице. Додаваат дека телото е дадено на обдукција.

извор:„Курир“