(ВИДЕО) Силен земјотрес во Грција – луѓето се во шок, падна дел од карпа

Земјотрес со јачина од 5,3 степени се случи утрово во Јонското Море, во близина на грчкиот остров Закинтос.

Земјотресот бил во длабочина од 2 километри во 10:36 по локално време, а бил почувствуван на Закинтос, како и во градот Патра кој има 168.000 жители.

Kако последица на силниот земјотрес, карпа се откина во Јонското море. Карпата паднала во морето на плажата Навагио, по што плажата е затворена за туристи.

Во околината во текот на вчерашниот и денешниот ден се случиле неколку помали земјотреси. Вчера на истото место се случил земјотрес со интензитет од 2,5 степени, а веднаш после силниот земјотрес, имало потрес ос 3,6 степени.

видео: ФБ