(ВИДЕО) Големо невреме во Италија, полави во Трст

Големо невреме ја зафати Италија. Нестабилната струја, која дојде од Велика Британија, денеска најмногу го погоди северот на земјата, особено на тиренската страна на брегот.

 

Издадени се предупредувања до сите граѓани за крајно неповолни временски услови, соопшти Цивилната заштита на Италија.За делови од Ломбардија и регионот Венето е вклучен портокалов аларм, додека за петнаесет други региони е објавен жолт аларм.

 

Невремето веќе им предизвика големи проблеми на граѓаните во некои области. Во Трст беа потопени возила, а зафатена е и областа околу најголемото италијанско езеро, каде денеска продуваше торнадо со слаб интензитет. Погоди дел од езерото Гарда, а во тоа подрачје имаше и град, јавува националната телевизија.

Засега нема пријавени штети, сообраќајот е забавен поради намалената видливост. Таму се очекува невремето да продолжи со постојани удари на гром и силни налети на ветер.

 

Лоша е и ситуацијата во Бергамо. Работниците се нашле во особено тешка ситуација кога биле изненадени од излевањето на реката Серио. Станува збор за работници кои во моментот на невремето се наоѓале на островчето меѓу Нембра и Прадалунга, а за да ги спаси бил испратен пожарен хеликоптер.

 

Во областа Валсесија дува ветер со брзина од речиси 100 км/ч. Во целиот регион Верчели, забележани се и значителни штети како последица на лошото време. На терен се и екипи на противпожарната бригада. Погодените подрачја засега се обезбедени, но се уште се во тек бројни други интервенции.

ВИДЕО

 

24sata.hr