Албанија: Кибернападот ги парализа сите гранични премини, полицијата почна рачно да го пополнува регистарот

Кибернападот од Иран, чија жртва ТИМС беше системот, ги парализираше сите гранични премини на Албанија, јави Топ чанел.

-Нападот бил откриен од полициски специјалци во синоќа околу 22 часот, при што е блокирана работата на гранични премини Какавија, Капштица, Муриќан, Ќаф Бота, Ќафасан, пристаништата Драч и Валона и аеродромот во Тирана, наведува телевизијата.

На граничниот премин Капштица поради рачните процедури долга е колоната на автомобили, а најтешка е аеродромот во Тирана, каде управата упатила апел до патниците да дојдат на аеродром три часа пред летот.

На преминот Муриќан имало помало движење, додека во Ќафасан работата продолжува рачно и нема долги редици. И на граничниот пункт на пристаништето Валона недостасува системот ТИМС и преминувањето на патниците се врши со образец и рачно.

– Тоа донесе бројни проблеми, додека полицијата не ги отвори регистрите рачно работејќи, за да се избегнат долгите редици. Се дознава дека освен системот ТИМС исклучени се и другите системи на полицијата од безбедносни причини. Според првичните сознанија податоците на најважниот систем на државната полиција не биле погодени од хакери, наведува Топ чанел.

Обидот да се преземе контролата врз системот ТИМС, со крајна цел да се парализира работата на полицијата на албанските гранични премини се случи само неколку часа откако Министерството за финансии на САД објави санкции против иранското Министерство за разузнавање и безбедност и неговиот министер, обвинувајќи дека тие се одговорни за кибернападот врз Албанија.

извор: Топ чанел