Ковчегот со британската кралица Елизабета Втора стаса во неделата во Единбург по шестчасовното патување од нејзината летна резиденција во шкотските планини, а на патот го следеа десетици илјадници ожалостени, некои молкум, некои ракоплескајќи а некои во солзи, пренесуваат медиумите.
Малку по 11 часот во неделата по локално време возилото со дабов ковчег излезе од портата на дворецот Балморал, каде што кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот на 96 годишна возраст, и се упати кон шкотската престолнина. Ковчегот беше прекриен со шкотското кралско знаме со венец од цвеќиња набрани на имотот Балморал.
Многу Шкоти се собрале во центарот на Единбург за да ја дочекаат поворката, во кој беше и кралската ќерка принцезата Ана, на патот до дворецот Холорудхаус каде ја дочека воената почесна стража. Војниците од Кралскиот шкотски полк потоа го однеле ковчегот во престолната сала од дворецот каде што ќе остане преку ноќта
Патувањето од Балморал е првиот од низата настани кои ќе доведат до државниот погреб во Вестминстерската опатија во Лондон на 19-ти септември. Многумина на тој пат во неделата немо ја следеле поворката на силното сонце, а некои фрлеле цвеќе на коловозот.
фото: The Times of Israel