(ФОТО) Османи доби торта ,,ОБСЕ“ за својот роденден од колегите

0
260

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека по повод 43-от роденден, кој тој го прослави вчера, бил пријатно изненаден од најблиските соработници во Кабинетот.

Тој добил торта со натпис „ОБСЕ“, во чест на претседавањето на Македонија со оваа организација 2023 година.

„Убаво, скромно, изненадување од Кабинетот за мојот роденден. Вистински избор колеги: и како роденденска желба, за годината пред нас, посакувам успешно претседавање со ОБСЕ 2023. И да, благодарам за изненадувањето, напиша министерот.

 

slobodenpecat.com