Ковачевски и Мицотакис денеска во Атина ќе разговараат за енергетската стабилност

0
184

Енергетиката и енергетската стабилност во регионот се очекува да бидат во фокусот разговорите на премиерите на Македонија и Грција Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис на нивната денешна средба во Атина, јави дописничката на МИА.

Владина делегација од Северна Македонија предводена од премиерот денеска е во работна посета на грчката метропола и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција.

На вчерашниот редовен брифинг со новинарите портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во пресрет на средбата истакна декатие секогаш се подготвени да им помогнат на земјите од регионот.

МИА