Денеска нови 165 заболени од Ковид-19, починаа тројца

0
303

Во изминатите 24 часа се регистрирани 165 нови случаи на КовидД-19 од направени 1.088 тестови. Од вкупниот број на позитивни, 39 се реинфекции. Оздравени се 384 пациенти, а пријавени се три починати лица.
Како што информира Министерството за здравство, од 165 нови случаи на Ковид-19, во Скопје се 91, Куманово и  Прилеп по 11, Кавадарци – 9, Велес – 7, Охрид и Берово – по 4, Битола, Тетово и Струмица – по 3, Гостивар, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија , Кратово и Крушево – по 2, Ресен, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 1
Од вкупно 384 оздравени пациенти, од Скопје се 127, Битола – 51, Прилеп – 30, Тетово – 24, Делчево – 18, Штип и Кичево – по 13, Кавадарци и Ресен – по 11, Радовиш и Крива Паланка – по 10, Велес, Охрид и Кочани – по 9, Крушево – 7, Куманово и Гостивар – по 5, Струга, Гевгелија, Неготино, Берово и Македонски Брод – по 3, Кратово и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се три починати лица, по едно лице од Скопје, Битола и Гостивар, на возраст од 70 до 78 години. Сите лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од петти септември до десетти септември 2022 година.
МЗ