Низ повеќе скопски општини апсења за дрога

Во текот на вчерашниот ден и денеска после полноќ полицијата апсеше на неколку локации низ Скопје за дрога, а уапсени се повеќе лица.

На 14.09.2022 во 21.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.К.(30) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 15.09.2022 во 00.15 часот во с.Идризово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(22) и Ш.Б.(30), двајцата од Скопје, затоа тоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана.

На 14.09.2022 во 11.50 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(32) од Куманово затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 14.09.2022 во 21.35 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Центар го лишиле од слобода А.Ј.(22) од с.Буковиќ, скопско, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на сите овие одделни случаи против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

skopjeinfo.mk