(ВИДЕО) Мечка се „самопослужува“ во маркет

0
242

 

Пред неколку дена, во 7-Eleven продавница во Калифорнија влегла мечка, а касиерот успеал да ја сними додека се обидувал да ја избрка.

54-годишниот Кристофер Кинсон работел трета смена во продавницата, кога забележал дека се отворила вратата, но не влегол никој.

Кристофер вели дека досега немал видено мечка во живо и се исплашил кога сфатил дека животното е многу поголемо отколку што му изгледало на фотографии.

Кристофер се тргнал на безбедно и ја оставил мечката да си разгледа во продавницата.

 

crnobelo.mk