Директорот на ЈСП Турс поднесе оставка, вели дека разочарувачки е што Арсовска е посветена на кавги и пресметки наместо на работа

Директорот на ЈСП Филип Василевски објави дека си поднесува оставка од чело на јавното сообраќајно претпријатие. Тој во образложението вели дека разочарувачки е што Арсовска е посветена на кавги и пресметки наместо на работа.

Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам.

извор: ФБ Филип Василески