Снег попладнево падна и во Хрватска

На планинскиот врв Завижан во Хрватска попладнево падна умерен снег, покажуваат податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според снимката од камерите поставени на планинарскиот дом Завижан, на тлото е задржано мало количество снег.

Според податоците на Заводот, од 14 часот на Завижан паѓа умерен снег, забележан е силен ветер, а температурата се спушти до нула Целзиусови степени.

Првите снегулки во Хрватска паднаа по неколку часа откако малку поголемо количество снег падна на планинскиот врв Кредарица во северозападна Словенија.

 

aa.com.tr