Ковачки: Димитар Ковачевски дезертирал од војска во 2001 година година прикажувајќи се како трајно неспособен

Димитар Ковачевски дезертирал од војска во 2001 година година прикажувајќи се како трајно неспособен. Му даваме 24 часа на македонскиот премиер да одговори на ова, а ако нема одговор ќе објавувме сѐ што имаме, изјави денеска на конференција за медиумите Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

-Ако навистина е трајно неспособен, тогаш Ковачевски мора веднаш да се повлече од премиерската функција. Дали на чело на Владата имаме трајно неспособна личност или дезертер? Или е премиер токму затоа што е трајно неспособен за војска. Одговорност мора да има – рече Ковачки.

Извор: ВМРО ДПМНЕ