Октоберфест по пандемијата собра 700.000 посетители

И покрај студеното и дождливо време, околу 700.000 луѓе го посетија Октоберфест во првиот викенд од манифестацијата, објавија денеска организаторите.

Тоа е значително помалку од еден милион луѓе, бројот на посетители истиот ден во 2019 година пред пандемијата на коронавирус.

Таму беа и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, како и баварскиот премиер Маркус Зедер, придружувани од нивните сопруги.

Низ градот маршираа акробатски танчери, членови на планинарски друштва и членови на Градската гарда на Минхен, која некогаш го чуваше мирот и редот на градските улици и во градските барови.

tv21