Достапни, корисни, но неофицијални податоци покажуваат дека украинскиот воен „цех“ месечно јаде околу 9 милијарди евра, а дека на земјата и се неопходни околу 4 милијарди евра да за обезбеди минимални услови за сместување, храна, основна медицинска нега за раселените, протераните и за лицата кои ги изгубија своите работни места заради воениот конфликт кој на украинска територија беснее повеќе од 200 дена. Држаните приходи се 40 отсто од планираните, а дури 60 отсто од тоа одат на воени трошоци. За овие 6 месеци војната изгоре и околу 18 милијарди евра странска помош во пари за украинската страна. А украинскиот министер на финансии изјави дека и покрај државниот буџет и странската помош воените трошоци бараат до 5 милијарди евра месечно…, објави faktor.mk.
Војната во Украина, која агресорот Русија ја нарекува специјална операција, трае седум месеци или повеќе од 200 дена.
Колква е буџетот на Украина за идната година?
Според достапни податоци расположливи на овој линк Cabinet of Ministers of Ukraine – Government approved Draft State Budget of Ukraine for 2023
|
Украина направи воен Буџет за 2023 година вреден околу 48 милијарди евра од кои дефицит би биле 27,5 милијарди евра. Планираните приходи од даноци и други јавни давачки изнесуваат околу 21 милијарди евра.
Од друга страна пак Светска банка прогнозира дека на Украина во период до три години од сега би и биле неопходни повеќе од 100 милијарди евра за да успее да ја врати својата економија во нормален тек.
Минималната плата во Украина за идната година е проектирана на 250 евра.
Текстот во целост на: faktor.mk.