„Да бев јас претседател ќе седев во прв ред“ , го исмеа Тамп на Бајден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го коментираше фактот дека сегашниот претседател на САД, Џо Бајден седел во 14. ред на погребот на кралицата Елизабета Втора, наведувајќи дека бил опкружен со лидери на „земји од третиот свет“.

На погребот на кралицата во Вестминстерската опатија, Џо Бајден седеше во редот 14., седмиот ред одзади. По тој повод Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“ (Truth Social) објави фотографија со црвена стрелка кон Бајден. Трамп нагласи и дека кога сè уште би бил претседател ќе седел во првите редови, и дека сегашниот распоред на седиштата е показател за рејтингот на САД, кој, според него, е намален откако Бајден е претседател.

„Да бев јас претседател, ќе ме ставеа на прво место“, напиша Трамп. „Ова ѝ се случува на Америка за само две кратки години. Нема почит!“, додаде тој.

Инаку, според протоколот, претставниците на земјите од Комонвелтот се поставени пред останатите шефови на држави. САД не е во подрачјето на британскиот Комонвелт. Така, на пример, канадскиот премиер Џастин Трудо се најде девет реда пред американскиот претседател.

„Ова е добра можност актуелниот претседател подобро да се запознае со некои лидери на земји од третиот свет. Во недвижностите, како и во политиката и животот, местото е сè!“, вели Трамп.

Џо Бајден и првата дама Џил седнаа до претседателот на Швајцарија, пред нив беше претседателот на Полска, а зад нив премиерот на Чешка. Кинескиот претставник беше во ист ред со Бајден.

 

vesnik.com