Американски носач на авиони се закотви во Јужна Кореја за прв пат по четири години и им се придружи на другите воени бродови во демонстрација на сила за да испрати порака до Северна Кореја, пишуваат светските агенции.
Американскиот воен брод „Роналд Реган“ и други бродови се укотвија во поморската база во Бусан, пристанишен град на југот на земјата, јавуваат агенциите.
Нивното пристигнување, како што пишуваат, претставува најголемо распоредување на воени бродови во областа. Станува збор за зајакнување на „стратешките капацитети“ во таа област како средство за одвраќање насочено кон комунистичка Северна Кореја, т.е. зачувување на регионалната безбедност, се анализира во извештаите.
Командантот на групата, адмирал Мајкл Донели, рекол дека станува збор за зајакнување на односите со јужнокорејските сојузници и интероперабилноста меѓу двете морнарици, додавајќи дека „пораките им се препуштени на дипломатите“.
„За нас ова е можност да вежбаме тактики и операции“, изјавил Донели.
Пјонгјанг, според аналитичарите, одбива да го запре развојот на својата нуклеарна програма и проектили. Тие велат дека Пјонгјанг би можел повторно да почне да тестира нуклеарно оружје за прв пат од 2017 година.
Комитетот за национални малцинства на Албанија, позитивно одговори на барањето на македонското друштво „Илинден“ – Тирана за поставување повеќејазична табла…