Најмалку 77 мигранти удавени во бродоломот во близина на сирискиот брег

Околу сто и педесет лица, главно Либанци и Сиријци, се наоѓале на чамецот што потона близу градот Тартус.

– Бројот на жртвите достигна 77, а 20 лица се згрижени во болницата „Ал Басел“ во Тартус, појасни сирискиот министер.

Во текот на изминатиот месец, илјадници Либанци, Сиријци и Палестинци го напуштија Либан и преку море се упатија кон Европа.

Во Либан живеат околу шест милиони луѓе, вклучувајќи и повеќе од милион сириски бегалци. Над три четвртини од населението живее во сиромаштија поради економската криза во земјата од 2019 година.

vesnik.com