Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на морето во близина на нејзиниот источен брег, во пресрет на планираните воени вежби на јужнокорејските и американските сили, како и посетата на регионот на американскиот потпретседател Камала Харис.
Јужнокорејската војска соопшти дека станува збор за проектил со краток дострел, истрелан од областа Таехон во провинцијата Северен Пјонгјанг, а проектилот прелетал околу 600 километри на височина од 60 километри, пренесува Ројтерс.
„Севернокорејското лансирање на балистичка ракета е сериозна провокација, која ги загрозува мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и меѓународната заедница“, соопштија од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.
По последното лансирање, врховниот командант на армијата на Јужна Кореја, Ким Сеунг-кјум и командантот на американските сили во Кореја, Пол Ла Камерадис, ја разгледаа моменталната ситуација и ја потврдија својата подготвеност да одговорат на каква било закана или провокација од Северна Кореја.
По неколку здруженија, Бугарите во Македонија најавуваат и формирање на политичка партија. Ќе се вика „Алијанса за македонските Бугари-движење за национално…