Средба помеѓу директорите на општинските училишта и претставници на СВР Охрид

Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа средба на која присуствуваа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, службите на Локалната самоуправа, директорите на општинските училишта и претставници на СВР Охрид.

Целта на средбата е подигнување на нивото на безбедност во кругот на училиштата и превенирање на девијатни појави помеѓу учениците. Во таа насока се разменуваа мислења за зголемување на патролите особено во вечерните часови кога во кругот на училиштата се собираат млади луѓе. Дополнително се разговарше и за организирање на едукативни предавања од страна на претставници на СВР Охрид.

 

 

општина Охрид