Груби главен внатрепартиски проблем на ДУИ – видни членови гласно проговореа против главниот човек на Ахмети

Груби главен внатрепартиски проблем на ДУИ. Повторно видни членови, посебно од скопското крило на интегративците гласно проговореа против првиот вицепремиер и главниот човек на Ахмети во власта. Група предводена од Изет Меџити и градоначалниците на Чаир и Сарај, Висар Ганиу и Блерим Беџети, бараат одговорност од првиот вицепремиер, објави Алфа.

Ова не е прв пат токму крило предводено од Меџити да бара одговорност од Груби.

Изразуваат незадоволство од неговата работа, велат тоа предизвикало пасивност кај гласачите, а тоа го ставаат и како причина што биле изгубени локалните избори во Тетово. Меџити и во мај 2021 порача дека Груби треба да биде надвор од Владата на ДУИ и СДСМ, а покрај него дека треба да замине кажа и за Бујар Османи.

Текстот во целост на: Алфа.