Вооружена престрелка во Подгорица, убиен напаѓачот

Црногорската полиција во престрелка уби напаѓач кој пукаше во нејзини припадници за време на истрага за бомбашки напад на куќа на полицаец во Подгорица, пишуваат дел од локалните медиуми.

Во населбата Коник изутринава фрлени се две бомби на куќа на полицаец, а едната експлодираше. Потоа следуваше полициска истрага и пронајдени се две осомничени лица. За време на нивна идентификација и обид за приведување, еден од осомничените пукаше кон полициските службеници, наведуваат од Управата на црногорската полиција.

Лицето било тешко повредено и пренесено во Клиничкиот центар, по што му подлегнало на повредите. Другиот осомничен бил уапсен.

 

kurir.mk