Цела Куба остана без електрична енергија откако ураганот Ијан го погоди западниот дел на земјата оставајќи 11 милиони жители на островот во темнина, соопшти денеска владата на оваа карипска земја.
Шефот на кубанската електроенергетска компанија соопшти на државната телевизија дека прекинот на електричната енергија е поради дефект на националниот електроенергетски систем.
Официјални лица велат дека електроенергетскиот систем доживеа тотален колапс откако една од главните централи не можеше повторно да се приклучи на мрежата, јави Би-Би-Си.
nezavisen.mk