Ураганот Ијан со моќност од трета категорија, кој помина низ западна Куба во вторникот наутро, во регионот предизвика голема штета, а многу луѓе беа евакуирани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Здружението за електрична енергија кое е во состав на Министерството за енергетика и рударство на Куба се наведува дека е исклучена струјата на целиот остров со околу 11 милиони жители. Се додава дека продолжуваат напорите за постепено обновување на испораката на електрична енергија во земјата.
Иако засега нема информации за жртви, властите работат на утврдување на штетата предизвикана од ураганот.
Се очекува ураганот да пристигне до заливските региони на американската сојузна држава Флорида в четврток наутро.
извор:Агенција Анадолија (АА).