Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата: Најостро ги осудуваме заканите за физичка пресметка на директорот на Арсовска кон колегата Советник Јаневски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија најостро ги осудува заканите за физичка пресметка упатени од Директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска, Александар Стојковски врз колегата советник Филип Јаневски.
Кога има недостиг на аргументи тогаш има закани, и уцени како израз на слабост и паника, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во истото од партијата додаваат:

Тоа говори дека Директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска, а кој доаѓа од партијата СДС, нема храброст да се соочи со аргументите. Тендер коалицијата на Арсовска со СДС, ГРОМ и крими поединци треба да каже дали ова е модерното Скопје кое скопјани го очекуваа?Арсовска да излезе од крими матрицата и да почне да работи за скопјани. Никој не ви се плаши.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: Архива