Украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон стануваат дел од Русија, потпиша денеска рускиот претседател Владимир Путин. Кремљ соопшти дека нападите на овие територии ќе ги смета за агресија против Русија. ЕУ соопшти дека за нив окупираните региони остануваат дел од Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин и шефовите на четири украински региони назначени од Москва ги потпишаа таканаречените договори за пристапување, со што овие региони стануваат дел од Русија, спротивно на меѓународното право.
По говорот во Салата на Свети Ѓорѓи во Кремљ, на Путин му се придружија челниците кои Москва ги назначи во Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон и ги потпишаа договорите за анексија.
Официјалната церемонија на потпишување беше проследена со аплауз од стотина челници од Кремљ, кои присуствуваа на настанот, извикувајќи „Русија, Русија“.
Пред потпишувањето, Путин одржа говор во кој рече дека луѓето направиле „избор на референдумите“.
„Тоа е волјата на милиони луѓе“, рече тој.
Радио Слободна Европа