(ВИДЕО) Тепачка на навивачи во Будва: Летаа камења на сите страни, приведени 10 лица

Десетина лица се приведени откако синоќа во Будва околу 23.30 часот се степале навивачи. Тие едни кон други фрлале камења и фаќели.

Црногорските медиуми објавија дека тепачката се случила меѓу членови на групата „Варвари“ од Подгорица со навивачи на Црвена Звезда од Будва, а причина за тоа бил графит.

Во инцидентот неколку лица биле полесно повредени, а оштетено е и едно возило.

видео: TWITTER