(ВИДЕО) Силна експлозија во центарот на Сплит

Денеска имало силна експлозија на улицата Загребачка во Сплит. Според првите информации неколку лица се повредени.

Се работи за експлозија на гас во ресторан за брза храна, јавува Далмација Данас.

Како што неофицијално дознава хрватскиот весник, готвачот на ресторанот е тешко повреден, додека неколку лица кои чекале пред брзата храна се полесно повредени. Станува збор за странски државјани.

Блиц.рс пренесува дека две лица кои се наоѓале во брзата храна биле пренесени во болница, како и дека од силината на експлозијата биле оштетени околните згради.

На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош.

dalmacija.hr