ЦО на ЛДП: Ристо Пенов кандидат за министер за локална самоуправа

Ристо Пенов е предлог кандидат за нов министер за локална самоуправа – вака реши централниот одбор на лдп на седницата која заврши попладневно.Тој доби едногласна поддршка од членовите на централниот одбор на партијата.

Ова доаѓа откако досегашниот министер за локална самоуправа и актуелен лидер на  ЛДП Горан Милевски се повлече од функцијата. На денешната седница централниот одбор донесе одлука да се започне со подготовка на изборно собрание на кое ќе се бира новиот претседател на лдп кое треба да се случи кон крајот на ноември или почетокот на декември.

Доаѓањето на Пенов на министерската функција ќе биде негово враќање на политичката сцена по повеќе од 10 години.

 

фото: Архива